Арганово масло: За здрава коса и скалп

Profimedia
Фото: Profimedia

Аргановото масло е едно од многуте масла за косата кое може да го спречи паѓањето на косата, да го подобри квалитетот и здравјето на косата и да го подобри растот на косата како за мажите, така и за жените. Едноставен третман три пати во неделата може да ви помогне да наоѓате помалку влакна во мијалникот, а повеќе да остануваат на глава.

Лупење на скалпот

Пред да го нанесете аргановото масло, мора да се направи пилинг на скалпот за да ја блокира секоја фоликула на косата и да му овозможи на маслото да навлезе длабоко и да си ја заврши работата. Користете производ за лупење специјално формулиран за скалпот, кој ќе ја деблокира секоја фоликула со отстранување на вишок од производи за стилизирање, загадување на животната средина и вишокот на себум (природно масло кое се излачува од жлездите во скалпот).

Следете ги упатствата на производителот за пилинг на скалпот, потоа измијте ја со шапон и избришете ја со пешкир како и вообичаено.

Нанесување на арганово масло

Нанесете неколку капки од арганово масло на врвовите од прстите и масирајте на скалпот со кружни движења. Почнете на почетокот на косата и нанесете ја низ целата коса. Продолжете со масажата со масло околу 15 минути за да може маслото да ја покрие косата и да навлезе низ целиот скалп и за стимулирање на крвотокот кон скалпот и фоликулите на косата.

Повторете го овој третман три пати неделно за да се спречи поголемо опаѓање на косата и да помогне во повторно растење на косата. По третманот стилизирајте ја како и секогаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот