Апостолов: Кај нас најголемиот проблем околу истражувачкото новинарство се парите

Новинарската награда „Никола Младенов“ која во изминативе години ја доделува Македонскиот институт за медиуми за истражувачки стории годинава му припадна на новинарот Владо Апостолов за сторијата „Жив и надграден: Лукративниот бизнис-клуб околу РЕК Битола“.

Сторијата е објавена на интернет-страницата „Призма“и открива како се злоупотребува системот на јавни набавки за внесување фирми блиски на власта во профитабилниот бизнис за ископ на јаглен за потребите на термоелектраната РЕК Битола.

-Кај нас најголемиот проблем околу истражувачкото новинарство се парите. Тука е и времето и вештините. Ретко каде вештините се учат, бидејќи не е баш така лесно да напишеш истражувачка сторија. Треба да најдеш редакција која ќе дозволи да се сконцентрираш на една тема. Во моментов стационирани сме дома, не работиме од канцеларија и ги почитуваме мерките, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, новинарот, Владо Апостолов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот