Апасиев откри како би ги „решил“ фабриките за медицински канабис
Лидерот на Левица предлага решение од коешто зрачи духот на идеолошката определба на неговата партија
Откако полицијата ги претресе просториите на повеќе фирми за производство на медицинска марихуана и заплени голема количина од дрогата, на темата се огласи и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со идеја за тоа како да се постапи со бројните фабрики за медицински канабис во земјата, по откриените злоупотреби.
Препорачано
Апасиев во објава на социјалните мрежи всушност реагираше на ставот на Павле Трајанов, чијашто партија Демократски сојуз денеска побара да се затворат фабриките кои извезуваат канабис за медицински цели.
„Не. Не треба да се забрани производството на медицински КАНАБИС! Треба да се национализира“, вели Апасиев.
Демократскиот сојуз денеска побара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство на марихуана за медициски цели.
„Повеќе од јасно е дека контролата затаила, поради што се случија фингирани кражби, пресметки помеѓу наркомафијата, заплени на канабис од полицијата итн., но криминалниот бизнис продолжи, бидејќи нарко-мафијата во која беа вклучени и носители на највисоки државни функции од претходната власт се стекнаа со огромна финансиска моќ и политичко влијание“, велат од партијата.


