Фото: EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Антонели најбрз во Канада за четврта последователна победа во Формула 1

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели е победник на трката за Големата награда на Канада во рамките од Формула 1 шампионатот.

19-годишниот италијански возач ја забележа својата четврта последователна победа во пет трки оваа сезона на патеката во Монтреал.

Второто место му припадна на седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Ферари, кој го имаше својот втор подиум во сезоната, додека четирикратниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул заврши на третата позиција за својот прв подиум во годината.

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, го освои четвртото место, Исак Хајар од Ред Бул ја помина целта на петтото место, а бодови освоија и Франко Колапинто од Алпин, Лиам Лосон од Рејсинг Булс, Пјер Гасли од Алпин, како и возачот на Вилијамс, Карлос Саинц и возачот на Хас, Оливер Берман.

Поради технички проблеми, возачите на Мерцедес, Џорџ Расел, кој стартуваше од првото место, и возачот на Мекларен и актуелен светски шампион, Ландо Норис, не ја завршија трката.

Во генералниот пласман, Антонели води со 131 бод, Расел е втор со 88 бода, Леклер е трет со 75 бода, додека Хамилтон е четврти со 72 бода.

Следната трка е на 7 јуни за Големата награда на Монако.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот