Антиќ со еден потег ја промени историјата на Барселона!

фото: твитер

Имаше одлична фудбалска визија, легендарниот Чави откри како српскиот стратег му ја спаси кариерата, но и како Барса ја направи голема.

Фудбалскиот свет тагува откако на 72-годишна возраст во Шпанија почина Радомир Антиќ, еден од најдобрите фудбалски тренери во Европа.

Имаше одлична фудбалска визија, легендарниот Чави откри како српскиот стратег му ја спаси кариерата, но и како Барса ја направи голема.

Го наследи Ван гал со која Барселона после 20 кола се наоѓаше на 15 место со само ешст победи, што беше најлош старт на каталонскиот тим во последните 30 години.

Антиќ му требаше само малку за да ги промени нештата и направи тим. Прво им даде шанса на младите Виктор Валдес и Андреас Иниеста, додека го ослободи Чави од големите одбранбени задачи кои премногу го „гушеа“ во периодот со Ван Гал.

Сите тројца во наредната деценија испишаа историја. Антиќ не ги оптоваруваше многу играчите со тактики, туку им даде повеќе слобода. Барса успеа со него барем да не се посрамоти во шампионатот, и во преостанатите 18 кола освои 32 бода, доволно за шесто место.

– После смената на Луј Ван Гал во Барселона дојде Радомир Антиќ. Тренер кој во екипата го донесе тоа единство кое сите долго го чекавме, а мене ме ослободи од одбранбени задачи во играта. Радомир ми рече дека сум му потребен веднаш зад напаѓачката линија. Ме испрати длабоко во противничкиот дел од теренот, да делувам од втор план. Зборваше дека „Коку и Рочембак ќе ја одземат топката, твоите задачи се поразлични“ – рече Чави во својата автобиографија.

Чави воедно откри дека Антиќ беше единствен…

– Никогаш не ни ја полнеше главата со различни тактики, туку ни говореше „ти го правиш тоа, ти тоа или тоа. И точка. Сакам да се потсетам и на помошникот на Антиќ, Решад Куновац. Многу пријатен човек, кој ни ја разбиваше монотонијата на тренинзите со различни, интересни вежби. Најважното нешто во ерата на Антиќ беа собирите пред натпревар, во кои беа вклучени заедничко одење на масажа, во сауна, и акупунктура. Целта на тоа беше одмор и создавање на тимски дух – напиша Чави.

Одличниот играч за врска смета дека токму Антиќ е заслужен за резултатите кои Барса ги имаше подоцна.

– Нема сомнение дека Србинот со своите методи успеа од нас да направи еден целосен колектив, но со него не беше продолжен договорот. Антиќ не можеше да предвиди дека иднината на Барселона веќе е доверена на друг човек (Рајкард) – додаде Чави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот