Антиќ и Мекејлеб во игра за дводеценискиот „дрим-тим“ на ФИБА Евробаскет!

Лестер Бо Мекејлеб имаше голем придонес во историскиот успех на Евробаскет 2011/фото: kfsm.mk

Како членови на најдобрата петорка на „Остатокот од Европа“, нашите легендарни кошаркари се во конкуренција и за ТОП 5 во периодот 2000-2020 година.

По прегледот на гласовите во последните три месеци на некои од најголемите sвезди на натпреварите во историјата, серијалот „Тимови на соништа“ на ФИБА Евробаскет се приближува кон крајот.

Во изборот беа прикажани 15 различни нации, како и специјален состав, наречен „Остатокот на Европа“ со уникатни уреднички содржини. Вклучувајќи рефлексивни интервјуа и квизови преку кои и им беше дадена можност на фановите да гласаат за нивните фаворизирани постави на секоја земја. И сето тоа беше доволно да се формираат 16, и тоа како респектабилни петорки.

Антиќ и Мекејлеб дел од дрим тимот на остатоток од Европа

Еве го и прегледот на почетниот состав на секоја земја, според гласањето на навивачите:

ТОП ПЕТОРКИ

Хрватска: Мулаомеровиќ – Гиричек – Богдановиќ – Шариќ – Вујчиќ

Турција: Тунчери – Кутлај – Туркоглу – Илјасова – Окур

Русија: Џ.Р: Холден – Швед – Кириленко – Кријапа – Мозгов

Франција: Паркер – Де Коло – Батум – Диао – Гобер

Србија: Теодосиќ – Богдановиќ – Бодирога – Стојаковиќ – Ребрача

Италија: Поцеко – Белинели – Менегин – Галинари – Галанда

Литванија: Јасикевичиус – Мацијаускас – Шишкаускас – Клеиза – Валанчиунас

Чешка: Саторански – Велш – Бартон – Весели – Зидек

Грција: Папалукас – Спанулис – Дијамантидис – Принтезис – Адетокумпо

Летонија: Стрелникс – Багатцкис – Тима – Дејвис Бертанс – Порзингис

Шпанија: Рубио – Наваро – Фернандез – П. Гасол – М. Гасол

Грузија: Диксон – Маркоишвили – Саникидзе – Шенгелија – Пачулија

Словенија: Г Драгич – Дончиќ – Нахбар – Лорбек – Нестеровиќ

Израел: Тапиро – Бурштајн – Пнини – Каспи – Елиаху

Германија: Шродер – Шафарцик – Бензинг – Окулаџа – Новицки

Остаток на Европа: Мекејлеб – Стефансон – Ханга – Телетовиќ – Антиќ

Фановите имаат уште две шанси да го дадат својот избор за крајниот FIBA ​​EuroBasket Dream Team 2000-20.

Вкупно 24 играчи се наоѓаат во потесниот список на селекција врз основа на нивните спортски критериуми со место на кој било Евробаскет Ол-стар Пет или освоен медал на натпреварите во организација на ФИБА во изминатите 20 години.

Можете да гласате за вашите омилени играчи на бековските позиции на ФИБА ЕвроБаскет од 27 јули до 2 август, додека гласањето за најдобрите играчи на центарските места, ќе започне следната недела, на 3 август и ќе трае до 9 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот