Антиќ дели суспензии: Го гледаат само личниот интерес!

фото: МКФ

Антиќ во своето соопштение до јавноста вели дека селекторот на М18 машката кошаркарска репрезентација, Михаил Наумовски е само времено суспендиран, а се до добивање на извештајот од соодветната комисија и до донесување на конечната одлука на Управниот одбор за овој случај.

– Бев приморан времено да го суспендирам од вршењето на работата селектор на М18 машката репрезентација и да и наложам на Комисијата за стручност да изврши вонредна анализа на неговата работа и да ги утврди фактите и за тоа да го извести Управниот одбор – вели Антиќ во соопштението.

Принтскрин/МКФ

Антиќ додава дека очигледно е дека сè уште некои лица кои се ангажирани од претходното раководство, наместо да создаваат атмосфера за кошарката.

Повеќе сакаат да создаваат забуни во јавноста и тоа да креираат погрешна слика на новото раководство, притоа гледајќи го само својот личен интерес, наместо интересот на кошарката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот