Анти-ковид мерки: Шведска ги ограничи јавните собири на осум луѓе

Почитувањето на препораките за заштита од коронавирусот во Шведска не покажа резултати од пролетта и сега јавните собири ќе бидат ограничени на осум луѓе, во однос на претходниот лимит од 300 лица, изјави денеска шведскиот премиер, Стефан Ловен.

– Ова е ново правило за целото општество. Не одете во фитнес центри, во библиотеки, не организирајте вечери. Откажете, истакна Ловен на прес-конференција.

Шведска го привлече меѓународното внимание поради својот невообичаен одговор на пандемијата, избегнувајќи затворање на земјата и потпирајќи се на доброволно почитување на мерките.

Стапката на смртност во Шведска по бројот на население е неколку пати поголема отколку кај нејзините нордиски соседи, но е помала отколку во европските држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот