Анксиозност и несоница нови симптоми на коронавирус

Лекар/Доктор илустрација / Фото: Ale Ventura / PhotoAlto / Profimedia

Губењето на вкусот и мирисот некогаш беше еден од главните индикатори дека можеби сте заразени со COVID, но како што новиот сој, познат како JN.1 („потомството“ на омикронот) се шири се повеќе и повеќе во Велика Британија, наместо тоа почнуваат да се појавуваат нови необични симптоми.

Последното истражување на Канцеларијата за национална статистика, врз основа на примероци од повеќе од 27.000 луѓе, обработено помеѓу 7 и 13 декември, покажа дека загубата на мирис или вкус е пријавена само во 3 проценти, односно 2% од испитаните.

Кашлањето останува чест показател (скоро 23%), а секрт од нос или кивање е најчесто пријавениот симптом (31%), но поединци, исто така, пријавиле главоболка (20%), слабост или замор (скоро 20%), мускулни болки (скоро 16%) и болки во грлото (13%).

Покрај тоа, најзачудувачки чести симптоми кои се појавиле се проблеми со спиењето и загриженост или вознемиреност – и двајцата биле пријавени кај околу 10 проценти од испитаниците.

Последните податоци на Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (UKHSA) наведуваат дека проценетата распространетост на коронавирусот во Англија и Шкотска до 13 декември е 4,2 отсто – што значи дека околу 1 на 24 луѓе би можеле да се тестираат позитивно за COVID во моментов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот