Англија со Гвардиола ќе беше и светски и европски шампион

EPA-EFE/ANDY RAIN

Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација и на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, е разочаран што Пеп Гвардиола не бил селектор на Англија. Руни моментно настапува во американската МСЛ лига за ДЦ јунајтед, верува дека доколку Гвардиола би ја предводен Англија, тогаш „Гордиот Албион“ со сигурност би бил и европски и светски шампион.

EPA/ROBERT PERRY

– Видете ја англиската репрезентација од пред 10 години. Го имавме најдобриот тим во историјата на англискиот фудбал со играчи како Рио Фердинанд, Џон Тери, Епли Кол, Стивен Џерард, Пол Сколс, Френк Лампард, Дејвид Бекам, Мајкл Овен, тука бев и јас и доколку бевме предводени од Гвардиола убеден сум дека ќе бевме и европски и светски шампиони – смета Руни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот