Англичаните сметаат дека Ѓоковиќ ќе биде најдобриот тенисер во историјата

Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Деветтиот триумф на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен сè уште е топ тема во тенискиот свет.

Со освојувањето на 18. грен слем во кариерата, Новак Ѓоковиќ, повторно ја актуелизира темата за тоа кој е најдобриот тенисер на сите времиња, а голем дел од медиумите сметаат дека српскиот тенисер е подготвен да ги престигне ривалите, Рафаел Надал и Рожер Федерер.

Токму Надал и Федерер имаат освоено највеќе грен слем титули, по 20. додека Ѓоковиќ е веднаш за нив со два грен слем трофеи помалку, а сега англиските медиумите сметаат дека најдобриот светски тенисер е на добар пат да ги престигне големите конкуренти.
Новак Ѓоковиќ едноставно е пресилен. Многумина очекуваа финалето за Медведев да биде епско, да има жестока борба, но Србинот имаше поинакви замисли. И сосема е јасно дека ќе ги надмине Федерер и Надал пред да се пензионира“, пишува весникот „Експрес“ кој смета дека патот до титулата воопшто не беше лесен.
„Ѓоковиќ не беше толку убедлив во сите фази на турнирот. Сепак, најголемите шампиони победуваат и кога не играат најдобро. Сега Новак има 18. грен слем титули, а земајќи го во предвид податокот дека првиот грен слем трофеј го освои 2008 година во време кога Федерер и Надал имаат големи меѓусебни дуели, може да се каже дека ова е големо достигнување. Ѓоковиќ не е толку елегантен како Федерер ниту е силен како Надал, но тој е добро подмачкана машина која ретко се расипува и има добро напојување за да ја заврши работата“.

Англискиот весник исто така трвди дека Новак Ѓоковиќ ќе ја добие трката за најдобриот тенисер на сите времиња.
„До крајот на кариерата може да стане најдобриот на сите времиња. Иако Федерер и Надал се пред него по бројот на грен слем титулите, тоа можеби нема да биде така уште долго. Може да биде пред нив до крајот на годинава“, пишува „Експрес“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот