Ангеловски: Растот на цената на струјата е сериозен сите мора да размислуваме да штедиме

Трајан Ангеловски, претседател на ССК/Фото: ССК

– Ситуацијата со растот на цената на електричната енергија е многу сериозна и генерално секој треба да размислува како да ја намали потрошувачката, вели претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангеловски кој заедно со делегација од земјава учествуваше на промотивна конференција на иницијативата „Зелен навигатор на Западен Балкан“ која се одржа во Бања Лука во организација на Владата на Република Српска, Министерството за европски интеграции и меѓународна соработка и Гарантниот фонд на Република Српска..

Според него оваа иницијатива е многу значајна бидејќи обезбедува поддршка преку трансфер на знаење и искуство на реалниот сектор за побрза зелена транзиција како и финансиска поддршка што е неопходна забрзување на процесот.

„Во Северна Македонија веќе е започнато поставување на фотоволтаични централа со големина на средна хидроцентрала. Сите треба да се потрудиме да ја цениме и заштедиме енергијата, да придонесеме за нејзино производство и да користиме што повеќе обновливи извори на енергија“, истакна Ангелоски.

Европската Унија до 2030 година ќе одвои 30 милијарди долари за земјите од Западен Балкан за трансформација кон климатски неутрална економија, а една од мерките е заштеда и искористување на обновливите извори на енергија.

Компаниите преку оваа трансформација треба да ја намалат емисијата на штетни гасови за да се зачува животната средина и да се обезбеди одржлива економија. „Зелен навигатор“ е во преговори со одредени банки со намера да обезбедат кредитни линии за да можат компаниите да пристапат кон трансформацијата кон одржлива економија што е можно поевтино и поефикасно.

Деловното здружение „Зелен навигатор на Западен Балкан“ е основано од Фондот за развој на Војводина, Гарантниот фонд на Војводина и Гарантниот фонд на Република Српска во март годинава, а претседателот на Сојузот, Ангелоски е член на Управен одбор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот