Ангеловски повика тројца играчи за мечот против Ерменија!

После триумфот над Естонија во Скопје (2:1), фокусот е веќе насочен кон последниот шести натпревар од Лигата „Ц“ против Ерменија кој ќе се одигра во Никозија, Кипар на 18 ноември.

Веднаш по одигрувањето на денешниот меч, на прес конференцијата македонскиот селектор Игор Ангеловски изјави дека за дуелот со Ерменците посакува да испрати повик до играчот од средниот ред на Вардар, Дарко Мицевски.

Нашиот стратег повика уште две имиња, одбранбениот фудбалер на Македонија ЃП, Томе Китановски, и членот на кипарската екипа Докса, Душко Трајчевски кој исто игра може да помогне во средниот ред, но и одбраната.

Македонија против Ерменија не може да смета на Николов и Спировски поради жолти картони, потоа без Кире Ристевски кој иако има негативен тест на ковид-19 не може да ја напушти Македонија, односно останува во изолација.

Пандев е ослободен од обврските, веќе се врати во Џенова, голманот Димитриевски е суспендиран поради црвен картон, повредени се Барди, Алиоски и Адеми, а на повреда на бутниот мускул се пожали и Елмас по натпреварот со Естонија, останува да се види што ќе кажат прегледите дали играчот на Наполи може да биде максимално подготвен за наредниот дуел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот