Ангеловски: Мојот договор со ФФМ завршува, за иднината не би сакал да говорам!

Фото: ФФМ

Македонскиот капитен Горан Пандев на денешната официјална прес-конференција пред утрешниот меч со Холандија на Европското првенство најави дека в понеделник (21 јуни, 18.00 часот) во Амстердам ќе го одигра последниот натпревар во националниот тим.

Капитенот на А селекцијата кажа дека е среќен што се збогува на еден ваков начин, на големо натпреварување. Им посакува на соиграчите уште многу успеси во иднина и е сигурен, познавајќи ги нивните квалитети дека уште многу пати во иднина сите ќе нè радуваат.

Селекторот на сениорите, Игор Ангеловски вели дека последниот меч треба да биде дополнителен мотив за сите.

– Знаеме против кого играме, Холандија е апсолутен фаворит, на наше е да ги повториме оние добри моменти од дуелот со Украина и да пробаме против таков изразит фаворит да се прикажеме во добро светло, да се бориме, да стигнеме до позитивен резултат.

Холандија е европски шампион во минатото, една од репрезентациите која често се бори за титулата европски шампион. Против такви репрезентации треба да се извади максимумот, да се покаже квалитетот – рече Ангеловски.

Потсетување дека овој меч со Холандија би можел да биде и последен за селекторот Ангеловски со кој има договор со ФФМ и репрезентацијата до крајот на ЕП.

– Да, договорот со ФФМ завршува и само можам да кажам едно големо благодарам, пред сè на Горан Пандев, најдобриот фудбалер во историјата на Македонија, среќен сум што работев со таков капитен и човек пред сè. До сите момци затоа што знаевме каде бевме пред пет и пол години, на кое место на ФИФА ранг листата, а каде ја донесовме Македонија, на Европско првенство, второ место во квалификациите (за СП), тоа доволно говори за сè она што направивме. Со Холандија ќе бидеме максимално посветени, а за иднината не би сакал да говорам, затоа што до последен ден максимално ќе го одработам професионално договорот што ми беше даден – додаде Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот