Ангеловска: Исплатени 14,3 милиони евра преку мерката „14.500 денари по вработен”

Фото: Слободен печат

Преку оваа мерка ќе се зачуваат работните места во фирмите погодени од Ковид-19 кризата, а воедно ликвидносно ќе се помогне и стопанството, наведува Ангеловска. 

Преку мерката 14.500 денари по вработен исплатени се над 14,3 милиони евра на 10.103 фирми, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.

-Управата за јавни приходи ги доставува барањата до Генералниот секретаријат, кој префрла средства до компаниите. Забрзано се работи кон сервисирање на сите одобрени апликации. Преку оваа мерка ќе се зачуваат работните места во фирмите погодени од Ковид-19 кризата, а воедно ликвидносно ќе се помогне и стопанството, наведува Ангеловска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот