Ангелче Петрушевски најмлад победник на ИКАС во историјата

Младиот македонски кајакар Ангелче Петрушевски е најмадиот победник во 51-годишната истрија на традиоционалниот Илинденски кајак слалом (ИКАС). Петрушевски со само 15 години триумфира во дисциплината К1 на престижната трка на реката Треска.

Кајакарот на Вардар од Велес оствари време од 102,16 секунди и беше за две секунди побрз од второпласираниот Милош Јевтиќ (104,61 сек.) од Србија. Како третопласиран заврши кајакарот на Бабуна од Велес Борче Мирчевски со време од 104,74 сек., додеканговиот клупски колега Христијан Игнатов беше петопласиран.

Во дисциплината Ц1 во машка конкуренција триумфира Панајотис Зисекас од Грција, пред кајакарите од Србија,  Горан Јовановиќ и Павле Здравковиќ.

Кај дамите, во К1, најдобра беше српската натпреварувачка Кристина Петровиќ, пред Барте Зиликуаите од Литванија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот