Авион за гаснење пожар, фото: Дирекција за заштита и спасување

Ангажирани уште двајца пилоти за гаснење пожари, сега има вкупно петмина со дозвола за „ер-трактор“

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека двајца нови пилоти успешно завршиле обука во Шпанија за противпожарните авиони „ер-трактор“, со што стекнале сертификат за летање во сите услови за гаснење пожари на отворено.

„Со ова, по синоќешното враќање на пилотите од Шпанија, ДЗС ќе ја пречека претстојната летна сезона на пожари на отворено со вкупно пет пилоти, кои имаат светски признати дозволи да летаат со противпожарни авиони какви што поседува ДЗС, ‘ер-трактор амфибија’, што може да полнат вода и од езера“, информираат од Дирекцијата.

Пилоти што завршиле обуки заедно со директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, фото ДЗС

Од ДЗС исто така посочуваат дека благовремено биле исполнети сите неопходни услови уште двата вработени пилота во ДЗС – кои имаат богата летачка работна биографија – пензионираниот полковник Роберт Малезански и Горан Блажески, на почетокот на март да бидат испратени на тринеделна преобука во европскиот референтен тренинг-центар за воздухопловна противпожарна борба „Титан“ во Шпанија.

ДЗС доби нов професионален пилот, наскоро оглас за уште двајца пилоти на ер-трактори

Во државата лани имаше само еден пилот за гасење шумски пожари со авион, бидејќи двајца отидоа во пензија. Поради тоа, беше донесена одлука со договор на дело за ланската сезона да бидат ангажирани пилотите кои отидоа во пензија.

Освен проблемите со пилотите, од Државниот завод за ревизија лани укажаа дека Дирекцијата нема и национална стратегија за заштита и спасување, а се соочува и со недостиг на квалификуван персонал и неадекватно управување со имотот и опремата.

Дирекцијата за заштита и спасување нема национална стратегија, а нема ниту квалификуван персонал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот