foto: facebook@Aquila Basket Trento

Андреј Јакимовски за искуството од НЦАА: Во Америка станав побрз и поексплозивен

Македонецот кој бележи импресивни партии во Еврокупот вели дека настапите во НЦАА лигата во претходните пет сезони го промениле на подобро. Играчот на Тренто Андреј Јакимовски минатата недела во Еврокупот беше МВП на колото, а утревечер повторно ќе се обиде да блесне во домашниот дуел против Будуќност

Андреј Јакимовски се повеќе се докажува во европската кошарка, во дресот на Тренто, во најдобрата италијанска лига како и во Еврокупот, второто најквалитетно клупско натпреварување во Европа.

Ова е прва сезона на македонскиот интернационалец во Европа откако пет години мина во НЦАА лигата и тој го покажува својот растечки потенцијал.

Популарниот Јаки како кошаркар се изгради во младинската лига во Италија пред да отиде во САД, каде настапуваше во НЦАА лигата. Тој зборуваше за ефектот што врз него го имал тој престој во САД во настапите за универзитетите Вашингтон стејт и Колорадо, пред да дојде во Тренто.

– Во Америка се променив во физичка смисла, станав побрз и поексплозивен. Сега можам да играм одбрана против било кого – вели Андреј.

Утревечер Тренто игра на свој терен дуел од Еврокупот со Будуќност и сигурно е дека фокусот ќе биде вперен во македонскиот репрезентативец откако минатата недела беше прогласен за МВП на колото во ова натпреварување.

Јакимовски тогаш прикажа восхитувачка партија во победата на неговиот Тренто на гостувањето кај француски Бур-ан-Брес постигнувајќи 30 поени, седум скока и три асистенции и собра 43 индексни поени. Тоа е клупски рекорд на Тренто.

Моментно тој има просек од 13,8 поени и 5,6 скока по натпревар во Еврокупот, по 10 кола. Тренто е на петтото место на табелата од 10 тима.

Големо признание: Јакимовски МВП на колото во Еврокупот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот