Анчелоти смирен пред реваншот со Сити: Можеме подобро отколку на првиот натпревар
Денеска од 21.00 часот фудбалерите на Реал Мадрид гостуваат кај Манчестер сити на „Етихад“ во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Препорачано
Првиот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ заврши со резултат 1:1, кога стрелци беа Винисиус Жуниор и Кевин де Брујне. Тренерот на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти ги сподели своите очекувања пред возвратната пресметка.
– Како и обично. Ќе се обидеме да го извлечеме максимумот од играчите на индивидуално и тимско ниво. Мислам дека можеме подобро отколку на првиот натпревар. Опасни сме во контранапад, но во Мадрид немавме многу простор за нив. Сити имаше проблеми да ја врати топката во посед кога ја градевме ја играта од последната линија. Затоа ќе се обидеме да ја задржиме топката што подолго и да го намалиме ризикот – вели Анчелоти.
Италијанецот откри дали размислува за потенцијално изведување пенали во реваншот.
– Не мислам на нив, туку на тоа како да се победи во натпреварот. Колку и да вежбате пенали, тие не се изведуваат во иста атмосфера како на тренинзите – се зборовите на Анчелоти.
Лига на шампиони: Кој ќе игра во финалето, Манчестер сити или Реал Мадрид?


