Анастасија Давидова, генералниот секретар на Рускиот олимписки комитет, избегала од земјата

EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Петкратната олимписка првенка го известила персоналот во нејзината база во Москва (организацијата за синхроно пливање) дека не планира да се врати во Русија

Анастасија Давидова, генералниот секретар на Рускиот олимписки комитет (РОК) и петкратна олимписка златна медалистка, побегнала од земјата, јавуваат државните медиуми. Оваа вест се појави на интернет страницата „инсајддгејмс“.

Заминувањето на Давидова од Русија доаѓа во пресрет на делумната мобилизација на воените резервисти за да се борат во војната во Украина а Министерството за спорт им нареди на националните управни тела да ги прекинат камповите за обука во странство.

Давидова го известила персоналот во нејзината база во Москва (организацијата за синхроно пливање) дека не планира да се врати во Русија. Главниот тренер по синхроно пливање на Русија, изјавил дека Давидова ја напуштила земјата.

Давидова стана генерален секретар на РОК, по истакнатата кариера како спортист.

Петте златни олимписки медали на Давидова, освоени во Атина 2004, Пекинг 2008 и Лондон 2012 година, е втор најдобар резултат во овој спорт на сите времиња од една Русинка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот