Анализа: Зголемена смртноста кај родилки и случаи на мртвородени бебиња за време на пандемијата во светот

epa08418778 A Rescued newborn baby receives medical care in a hospital a day after the complex attack at MSF (Doctors without Borders) hospital, in Kabul, Afghanistan, 13 May 2020. According to reports, at least 15 people were killed and 16 others injured including women and newborn babies when the Gunmen entered the MSF clinic in Kabul. EPA-EFE/JAWAD JALALI

Смртноста кај родилки и случаи на мртвородени бебиња се зголеми за една третина за време на пандемијата на Ковид-19.

Анализата на податоците од 40 студии спроведени во 17 земји низ светот покажува дека рестриктивните мерки против коронавирусот, нарушувањата на здравствената заштита кај идните мајки и стравот на родилките да ги посетуваат болниците ги зголемија ризиците за бремените жени и тоа придонесе за влошување на показателите за родилките и новороденчињата.

„Пандемијата на Ковид-19 имаше големо влијание врз здравствените системи”, вели професорката Асма Калил, коавтор на студијата на Универзитетот „Сент Џорџ” во Лондон.

„Ова доведе до смртни случаи на родилки и бебиња што можеле да се избегнат, тие се забележуваат главно во семејства со ниски и средни примања”, рече таа.

Резултатите од анализата беа објавени во списанието „Lancet Global Health”. Студијата откри не само општо влошување на стапката на смртност кај новороденчиња и родилки, туку и влошување на психичкото здравје на бремените жени. Анализата не се однесува на директните влијанија на Ковид-19 врз бременоста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот