
Аморим е најлошиот тренер на Манчестер јунајтед во ерата по Алекс Фергусон
Рубен Аморим никако да го врати Манчестер јунајтед на вистинскиот пат. Резултатите го покажуваат тоа, и секојдневно доаѓаат критики кон Португалецот од клупските легенди.
Препорачано
Факт е дека дури и Ерик тен Хаг имаше подобри резултати од него, а Манчестер јунајтед во моментов е клуб кој е далеку поблиску до последнопласираниот клуб отколку оној на врвот.
Боли поразот од Тотенхем, факт е дека идеите на Аморим во Манчестер не функционираат. Од последните 12 натпревари, фудбалерите на Манчестер јунајтед загубија на осум.
Доколку се продолжи со ова темпо, Аморим би можел да го собори негативниот рекорд поставен минатата сезона од Тен Хаг, кога е во прашање бројот на бодови на крајот од сезоната.
Звучи неверојатно што во првите 14 натпревари како тренер, Аморим е убедливо најлошиот во ерата по Алекс Фергусон.
Ова е списокот на седумте менаџери кои го тренираа Јунајтед на првите 14 натпревари:
1. Солскјер 35 бодови
2. Рангник 26
3. Тен Хаг 26
4. Ван Гал 25
5. Мојес 22
6. Мурињо 21
7. Аморим 14
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
24мин
-
38мин
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5