Американското обвинителство ѝ забрани на Минесота да учествува во истрагата за убиството во Минеаполис
Министерката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, изјави дека властите на Минесота „немаат никаква надлежност во истрагата“.
Агенцијата за истраги на сојузната држава Минесота во четвртокот соопшти дека Канцеларијата на американскиот обвинител ја спречила да учествува во истрагата за убиството на жената од Минеаполис, Рене Гуд, извршено од службеник на Имиграциската и царинска служба (ИЦЕ), објави „Асосиејтед прес“.
Препорачано
Рене Гуд имала 37 години и била мајка на три деца.
„Истрагата сега ќе ја води исклучиво ФБИ, а Бирото за криминалистички истраги на Минесота (БЦА) повеќе нема да има пристап до предметот, доказите од местото на настанот или до истражните интервјуа неопходни за да се спроведе темелна и независна истрага,“ соопшти директорот на Бирото, Дру Еванс.
ВИДЕО: Имиграциски агент уби возач во Минеаполис – инцидентот предизвика хаос во градот
Претходно било договорено БЦА да ја истражува смртта на Гуд заедно со ФБИ, но Канцеларијата на американскиот обвинител ја сменила таа одлука, наведе Еванс.
Соопштението доаѓа во момент кога демонстранти и припадници на безбедносните сили се судриле во четвртокот наутро пред имиграцискиот суд во Минеаполис, а училиштата превентивно ја откажаа наставата.
На прашање за оваа одлука, министерката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем, изјави во четвртокот дека властите на Минесота „немаат никаква надлежност во оваа истрага“.
ВИДЕО: Имиграциски агент уби возач во Минеаполис – инцидентот предизвика хаос во градот


