Американските колеџи поради растот на инфекции со ковид се враќаат на онлајн настава

Универззитетот во Чикаго/ Фото EPA/TANNEN MAURY

Додека бројот на случаи на ковид-19 расте во време кога студентите треба да се вратат од зимскиот распуст, многу американски колеџи се враќаат на онлајн настава.

Колеџите предупредуваат дека одлуката може да биде продолжена доколку бранот на инфекции наскоро не помине.

Харвард во првите три недели од новата година ќе одржува онлајн настава, а враќањето во кампусот е закажано за крајот на јануари – „доколку условите го дозволат тоа”, пренесува Глобал њуз.

Универзитетот во Чикаго го одложува почетокот на новиот семестар и првите две недели ќе одржува онлајн настава.

Некои други колеџи, како што е Универзитетот во Мичиген, ги повикаа студентите да се вратат во кампусот, но наставата ќе започне онлајн.

Многу колеџи се надеваат дека дополнителна недела или две онлајн часови ќе им помогнат да го „преминат” врвот на новиот бран на пандемијата предизвикан од варијантата омикрон.

Досега, повеќе од 70 колеџи во 26 држави одлучија да започнат со онлајн часови по празниците, а други ја разгледуваат опцијата.

Многу од универзитетите кои се префрлаат на онлајн настава се наоѓаат во области кои неодамна повторно беа жаришта на вирусот.

Меѓу нив се Џорџ Вашингтон, Јеил и Источна Колумбија, како и државниот универзитет Вејн во Детроит и Нортвестерн во близина на Чикаго.

Списокот ги вклучува и повеќето кампуси на Универзитетот во Калифорнија и Универзитетот Рајс во Хјустон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот