Американскиот тенисер открива: Сервисот на Ѓоковиќ е потценет

Првиот светски тениски рекет постојано е под будното око на аналитичарите, но постојано потценуваат еден дел од неговата игра.

Американските тенисери Џон Изнер и Рејли Опелка, кој се меѓу најдобрите сервисери на светот, сметаат дека сервисот на српскиот тенисер е потценет.

Според статистиката за 2019 година, Ѓоковиќ е петти по бројот на освоени гемови на свој сервис, додека очекувано на првото место е Изнер, а иизненадувачки Опелка е трет. Токму двајцата тенисери сметаат дека сервисот на Ѓоковиќ е потценет.

Навистина не се зборува толку многу за неговиот сервис, што претставува еден начин на непочитување. Но тоа е бидејќи Новак прави се толку добро. Постојано се зборува за неговиот ритерн или движењето по теренот и ударите од основната линија кои се најдобри на светот. Но, тој толку добро ги погодува своите точки при сервирањето, неговата топка нема да оди 200-210 километри на час, но дефинитивно го подобри тој сегмент од играта.

Мислам дека и Новак пред 6-7 години ќе признаеше дека сервисот понекогаш му претставува слабост во играта. Но, сега тоа повеќе не е случај и затоа тој е најдоминантниот тенисер на светот, нема ниту една слабост во играта. Затоа е број 1 и еден од најдобрите на сите времиња, уште малку му недостасува за да го достигне рекордот по бројот на грен слем титули – вели Џон Изнер.

И Опелка е согласен дека сервисот на Ѓоковиќ е потценет.
МИслам дека тоа е така поради другите работи кои би прави многу подобро. Но, Новак навистина сервира многу добро. Освен тоа, со останатите сегменти од играта, речиси невозможно е да му го одземете сервисот – смета Опелка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот