АМЕРИКАНСКИОТ СУД ОДЛУЧИ: Поранешен советник на Трамп мора да сведочи во постапката за импичмент

Федерален американски судија синоќа одлучи дека поранешниот советник во Белата куќа, Доналд Мекган, мора да се јави на покана од Претставничкиот дом за неговото сведочење во истрагата за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп.

Мекган е клучен сведок во истрагата за импичмент започната од демократите поради условот што Трамп летово го постави до врвот на Украина да започне истрага за негов политички ривал во замена за воена помош за таа земја.

Судијката Кетанџи Браун Џексон од судот на округот Колумбија кажа дека претседателот „нема моќ” да го ослободи од сведочење Мекган или било кој од другите сегашни или поранешни официјални претставници на Белата куќа.

Во својот завршен говор судијката ги цитираше основачите на САД, Џејмс Медисон и Александар Хамилтон, како и францускиот диполмат Алексис де Токвил, за да ги објасни лимитите на претседателската моќ.

-Кажано поедноставно, главната лекција од изминатите 250 години американска историја е дека претседателите не се кралеви, изјави судијката.

Администрацијата на Трамп планира да ја обжали пресудата. Во меѓувреме, адвокат на Мекган рече дека неговиот клиент ќе се придржува до поканата на Претставничкиот дом.

Меѓу другите кои не одговорија на повиците на демократите да сведочат се и државниот секретар Мајк Помпео, поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон и вршителотот на должност шеф на канцеларијата на Белата куќа, Мик Молвејни.

Демократите не започнуваат судски постапки за да ги натераат и овие клучни функционери да сведочат, поради неволност да трошат време на судски процеси, како во случајот со Мекган, чиј процес се развлече со месеци.

Демократите уште во април годинава побараа тој да сведочи во рамките на истрагата на специјалниот обвнител Робарт Малер за вмешаноста а Русија во изборите во 2016 година, но тој одбиваше со објаснување дека нема одобрување од претседателот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот