Американски рецепт за пита со тиква, полна со ароматичен фил
Тиквата е намирница од која можете да направите потаж, пире, салата, но и најубави пити. Одлично се комбинира и со слатки, но и со солени состојки, а нејзината сезона е во текот на есента.
Препорачано
Ако сакате да го јадете овој зеленчук, ви предлагаме да ја пробате тиквата по американски рецепт. Благодарение на зачините, целата куќа ќе мириса, а крцкавата кора ја прави уште повкусна. Американците обично јадат тиква за „Денот на благодарноста“, а задолжително пробајте ја и оваа затоа што ќе ве одушеви.
Состојки:
– 500 г печиво со кратка кора (како она за правење тарт или пита)
– 165 г кафеав шеќер
– 1/2 лажичка цимет
– 1/2 лажичка мелен ѓумбир
– 1/4 лажичка мелено морско оревче
– 1/4 лажичка мелено каранфилче
– 1/2 лажичка сол
– 430 г испасирана тиква
– 1 конзерва кондензирано млеко
– 3 јајца
Подготовка:
Расукајте го тестото, па притиснете го во калапот (по дното и работ). Ставете го во фрижидер додека го правите филот.
Тиквата сварете ја, па испасирајте ја (треба да имате 430 грама испасирана тиква).
Во сад измешајте шеќер, цимет, ѓумбир, морско оревче и каранфилче. Потоа, додајте го пирето од тиква, јајцата и сипете млеко. Добро соединете ја смесата и сипете ја во калапот со кората.
По желба кората може да ја премачкате со изматено јајце.
Печете во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Потоа, намалете ја температурата на 180 степени и печете уште 40 минути. Оставете целосно да се излади, па послужете.


