Американски познат музичар убиен во неговиот автомобил пред настап: Фановите очајни и во неверување!

profimedia

Американскиот рапер Тре Да Кид пронајден е мртов во својот автомобил само еден час пред својот настап во Анаполис, тој бил убиен со огнено оружје.

32-годишниот рапер бил на пат кон клубот во кој требало да настапи, а во него било пукано со огнено оружје, по што тој починал на лице место.

Според извештајот, полицијата добила повик во вечерните часови во кој било пријавено пукање и скршено возило на пат. Засега нема уапсени ниту осомничени, а истрагата е во тек. За било какви информации кои би можеле да доведат до сторителот се нуди награда во износ од 2 илјади долари.

Имал многу фанови и луѓе кои го сакат, па веднаш е покрената и иницијатива кобната улица да биде наречена по него.

„Кога се сомневавме во себе, тој не потсетуваше дека треба да веруваме“, изјави неговиот пријател и додаде дека пред се Тре Да Кид бил многу посветен татко на својот син, кој секојдневно со него пишувал домашно и заклучи дека сите го сметале за татко на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот