Американски музички награди 2020: Кои беа главните ѕвезди на вечерта?

Instagram

Американските музички награди се емитуваа во живо во недела навечер. Некои од најголемите музички имиња на денешницата имаа свои настапи и добија бројни награди.

Актерката Тараџи П. Хенсон беше домаќин на шоуто од Театарот „The Microsoft“ во Лос Анџелес. Шоуто се одвиваше со сите здравствени протоколи поради пандемијата на коронавирус. Имаше повеќе настапи во живо, со лични презентери, па дури и мала публика.

Instagram
Тараџи П. Хенсон / Instagram

„The Weekend“ и раперот Роди Рич беа главни ѕвезди на шоуто, со по осум номинации. Шоуто го отворија Џастин Бибер и Шон Мендес со нивниот нов сингл „Monster“. Пејачот Бибер исто така изведе уште два свои хит синглови „Lonely“ и „Holy“.

Кети Пери се појави на сцена за прв пат откако стана мајка со изведба на песната „Only Love“ со Дариус Ракер.

Доџа Кет ја освои наградата за нов уметник на годината, а Беки Џ ја освои наградата омилен женски латино уметник, која е сосема нова категорија на Американските музички награди.

Instagram
Кети Пери / Instagram

Уметник на годината, главната награда на вечерта ѝ припадна на Тејлор Свифт. Пејачката изјави дека не е во можност лично да ја прифати наградата бидејќи била зафатена со преснимување на нејзиниот музички каталог, кој неодамна беше распродаден.

Свифт исто така ја освои и наградата за музичко видео на годината за песната „Cardigan“ како и наградата за омилен женски поп-артист. Таа го држи рекордот за најмногу победи во категории на „АМА“ наградите од еден уметник.

 

Свој настап имаа и Џенифер Лопез и Малума со својот хит „Pa` Ti + Lonely“.

Во категоријата соработка на годината, наградата ја добија Ден + Шеј со Џастин Бибер за песната „10.000 Hours“, Бибер ја доби и наградата за омилен машки уметник.

Instagram
Дуа Липа / Instagram

За омилен албум во категорија поп-рок беше награден Хари Стајлс со „Fine Line“. За песна која ја обележа годината беше одбрана „Don’t Start Now“ во изведба на пејачката Дуа Липа.

Целата листа на добници на наградите можете да ги најдете овде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот