Американски експерти тврдат дека синот на Пригожин планира да ја преземе контролата над „Вагнер“
Синот на Евгениј Пригожин, 25-годишниот Павел Пригожин, има планови да ја преземе командата со групата „Вагнер“, објави Институтот за проучување на војната, објави Скај њуз.
Тој преговара со руската национална гарда Росгвардија во врска со повторното вклучување на оваа платеничка организација во борбите во Украина, пренесува ИСВ, повикувајќи се на профил на Телеграм поврзан со групата.
Here are today's control-of-terrain maps of #Russia's invasion of #Ukraine from @TheStudyofWar and @criticalthreats.
Interactive map, updated daily: https://t.co/hwgxTnU2Tr
Archive of time-lapse maps, updated monthly: https://t.co/IT6FiqwgGO pic.twitter.com/v63sibbQSw
— ISW (@TheStudyofWar) October 1, 2023
Тие цитираа извор од „Вагнер“ кој извести дека преговорите меѓу Павел Пригожин и Националната гарда вклучиле паравоена група која го задржала своето име, симболи, идеологија, команданти и управување.