Американците и пркосат на короната, 135.000 навивачи на најпознатата Индикар трка

epa03719274 Tony Kanaan of Brazil (3-R) follows the pace car as he wins the 97th running of the Indianapolis 500 auto race on a caution flag at the Indianapolis Motor Speedway in Indianapolis, Indiana, USA, 26 May 2013. The race set a record for lead changes at 68 and was the fastest Indy 500 in history. EPA/TANNEN MAURY

Властите во сојузната држава Индијана, дозволија дури 135.000 навивачи да присуствуваат на легендарната трка Инди 500 која ќе се одржи во Индијанаполис на 30. мај.
Минатогодинешната трка беше презакажана за август но поради пандемијата на коронавирусот се одржа пред празни трибини, но оваа година навивачите се враќаат на трибините. Згора на тоа, ова ќе биде настанот на кој ќе има највеќе гледачи од избивањето на пандемијата на коронавирусот.

Зравствените власти во реонот Мерион го одобрија планот според кој во продажба ќе се пуштат билети за 50 проценти од капацитетот на Индијанаполис Мотор Спидвеј.
Сите посетители ќе мора да носат заштитни маски, а на влез ќе им се мери температура, додека покрај трибините и околу патеката ќе бидат поставени пунктови за вакцинација за дополнително да се охрабрат фановите и жителите да се вакцинираат.
Властите во сојузната држава Индијана сметаат дека до одржување на трката, на 30. мај,  речиси 60 проценти од жителите во оваа држава ќе бидат вакцинирани и поради тоа нема големи ризици од ширење на коронавирусот меѓу гледачите.

Рекордот по бројот на гледачи на спортски настан во време на пандемијата на коронавирусот го држи натпреварот во крикет помеѓу Индија и Англија кога на 14. март  годинава Ахмедабад имаше 66.000 навивачи на трибините. Крикет натпреварот во Мелбурн помеѓу Колингвуд и Карлтон кој се играше на 25. март го следеа 51.732 навивачи, додека во САД најгледан настан е натпреварот во американски фудбал на Универзитетот во Алабама на кој имаше 47.000 навивачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот