Доналд Трамп/ Фото: ЕPA-EFE/FRANCIS CHUNG / POOL

Американците разочарани, Трамп тоне во бројките

Како главни причини за падот на поддршката се наведуваат Трамповиот пристап кон имиграционата политика и неговите економски мерки, особено воведувањето нови царини.

Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп достигна нов минимум, покажуваат податоците од најновата анкета спроведена од магазинот „The Economist“ во соработка со компанијата „YouGov“.

Според резултатите од истражувањето, дури 58 проценти од граѓаните на САД изразиле незадоволство од начинот на кој Трамп ја извршува својата должност, додека 39 проценти од испитаниците сè уште го поддржуваат неговиот ангажман.

Нетото ниво на одобрување со тоа паднало на -19, што претставува најнизок резултат во неговиот втор претседателски мандат.

Како главни причини за падот на поддршката се наведуваат Трамповиот пристап кон имиграционата политика и неговите економски мерки, особено воведувањето нови царини.

Според анализата на The Economist, „белите и машките гласачи имаат поголема веројатност да го поддржуваат Трамп, додека помладите гласачи и припадниците на етничките малцинства се најкритични“. Извештајот дополнително укажува дека и меѓу постарите избирачи, кои традиционално се столбот на републиканската поддршка, е забележан пад на ентузијазмот.

И покрај падот на рејтингот, претседателот Трамп неодамна изјави дека за време на својот втор мандат во американската економија биле привлечени околу 18 билиони долари, најавувајќи дека до крајот на годината таа сума ќе достигне меѓу 20 и 22 билиони.

„Тоа е резултат на довербата на инвеститорите во силата на американската економија“, порача Трамп, нагласувајќи дека неговата администрација ќе продолжи со политики кои, како што рече, „ја зајакнуваат домашната продукција и ги штитат националните интереси“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот