Андреа Бочели, италијанскиот тенор кој пред неколку дена одржа концерт во празната катедрала Диомо во Милано на католичкиот Велигден под името „Музика за надеж“, има два сина – Матео Бочели кој има 21 година и Ејмос Бочели кој наполни 25 години – и не се знае кој е поубав.
Двајцата синови на Бочели се од неговиот прв брак со сопругата Енрика Цензати и двајцата од нивниот татко го наследиле, како шармот, така и генот за успех и амбиција.
Матео Бочели тргна по стапките на татко му и така со неговиот татко го сними дуетот „Fall on Me“, каде тој пее на англиски, а Андреа на италијански.
Инаку се занимава и со манекенство, па така во една прилика позираше и со Џенифер Лопез за која зборуваа дека не останала рамнодушна на неговата убавина, па постојано му делела комплименти од кои секој би поцрвенел.
На сите им е јасно дека помладиот син го наследил талентот од татко му.
„Технички нашите гласови се многу различни, но една работа е еднаква, а тоа е ставот. Карактеристичниот начин на изразување на самите себе додека пееме, а тоа е нешто што не може да се научи. Со тоа се раѓате“ – изјави во една прилика Андреа Бочели.
Матео има и постар брат, Ејмос, кој исто така се наоѓа во спотот и свири клавир во песните „I am Here” и „Ali di Libertà”. Тој по професија е инженер, а познат е и како голем љубител на животни и екстремни спортови.
Андреа Бочели со својата втора сопруга Вероника Берти е во брак неколку години и ја имаат шестгодишната ќерка Вирџинија.