Алварез не дозволи Шкупи да го доживее првиот пораз на домашен терен 

Возбудливиот натпревар во Чаир заврши без победник/ фото: ФК Шкендија

Во дербито на 17 коло во првата фудбалска лига, лидерот Шкупи со гол во финишот успеа да остане непоразен во дуелот со актуелниот шампион Шкендија играјќи 1:1.

Интернационалецот од Костарика, Фреди Алварез постигна гол од слободен удар во 88 минута и не дозволи Шкупи да го доживее првиот пораз на домашен терен сезонава. Претходно, Шкендија поведе во 70 минута со голот на Синдрит Гури.

Второпласираниот тим на табелата, Академија Пандев доживеа тежок пораз од Македонија ЃП со 4:1.  Матеус да Силва во 19 минута го отвори резултатот, по што на сцена стапи Воша кој во 42 и 50 минута постигна два гола, а дилемите околу победникот ги разреши Јован Попзлатанов во 74 минута. Пандевци во финишот, во 90 минута преку Хаџановиќ постигнаа почесен гол.

Во дербито на дното, Борец како гостин со 3:1 го совлада Пелистер и го остави на последното место на табелата со само пет освоени бодови.

Резултати:
Шупи – Шкендија 1:1
Македонија ЃП – Академија Пандев 4:1
Ренова – Тиквеш 1:1
Брегалница – Работнички 1:2
Пелистер – Борец 1:3
Скопје – Струга ТЛ 1:0

ТАБЕЛА: Шкупи 39, Академија Пандев 32, Шкендија 31, Ренова 27, Брегалница 26, Македонија ЃП 24, Струга 23, Работнички 22, Скопје 20, Тиквеш 15, Борец 12, Пелистер 5

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот