Алушовски: Во Купот нема фаворити

epa09110874 Vardar head coach Stevce Alusevski reacts during the EHF Champions League round of 16 match between HC Vardar 1961 and Telekom Veszprem HC in Skopje, Republic of North Macedonia, 01 April 2021. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Викендов ќе се одржи завршницата на ракометниот Куп на Македонија, а во второто полуфинале ќе играат скопските ривали Вардар и Металург. Пред десетина години нивните дуели решаваа за титулите, но во последните неколку години тимот од Автокоманда бележи голем пад во резултатите, Вардар ја има улогата на фаворит, но тренерот Стевче Алушовски предуредува дека во завршницата на Купот нема фаворити.

– Во Купот сите екипи се фаворити. Сите се надеваат дека може да победат. Тоа се два посебни натпревари, две посебни приказни, две сосема поинакви дуели. Секој ја гледа својата шанаса тука. Ова се четирите најквалитетни тимови и секој доаѓа со свој есап. Нема аутсајдери. Вардар никогаш не бегал од улогата што ја имал, и секогаш се стреми да биде победник. Во ситуација кога нема публика на трибините речиси е сеедно каде се игра. Треба да покажеме дека во моментов нашата форма е најдобра и овој месец да го завршиме планираното. Тренираме вредно, секојдневно. На овие дуели од Купот единствено ќе ни недостасува Анте Гаџа кој има повреда на раката и имаше операција. Сите други се максимално подготвени за полуфиналниот дуел со Металург. Тоа е дерби кое секогаш е интересно. Очекувам натпревари со висок интензитет и очекувам се разбира да бидеме победници – вели Алушовски.

Вардар1961 е најуспешниот тим во Купот на Македонија со 13 освоени титули досега. Ова е 28. Куп на Македонија, а лани истиот не се одржа поради пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот