Алибаба со профит кој ги надмина очекувањата

Вкупниот приход на компанијата во четвртиот квартал се искачи на 114,31 милијарди јуани, од 93,50 милијарди јуани една година претходно. Ззаработката на компанијата по акција изнесува 9,20 јуани во однос на очекуваните 6,10.

Приходите и профитот на кинеската компанија „Алибаба” во четвртиот квартал од фискалната година, кој заврши во март, ги надминаа очекувањата бидејќи луѓето повеќе преминаа на олајн купувања на основни продукти поради ограничувања во движењето, воведени поради Ковид-19.

Приходот од основната трговска дејност на компанијата порасна за речиси 19 проценти на 93,87 милијарди јуани (13,16 милијарди американски долари) во четвртиот квартал, а приходите од секторот сметководство во облак се зголеми за 58 проценти.

Кинескиот гигант за е-трговија соопшти дека очекува приход од над 650 милијарди јуани во фискалната 2021 година.

Вкупниот приход на компанијата во четвртиот квартал се искачи на 114,31 милијарди јуани (16,02 милијарди долари) од 93,50 милијарди јуани една година порано.

Аналитичарите предвидуваа приход од 107,04 милијарди јуани. Со исклучок на еднократните ставки, заработката на компанијата по акција изнесува 9,20 јуани во однос на очекуваните 6,10 јуани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот