Али Адем доби жестока казна за нападот на фудбалерот на Силекс – суспензија од пет натпревари

Фото: ФК Шкупи

Фудбалерот на Шкупи Али Адем заработи жестока казна од Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија за исклучувањето против Силекс.

Делегатот на натпреварот во записникот додал дека Адем нападнал играч на кратовскиот тим поради кој заработил директен црвен картон.

Ситуацијата се случувала по завршувањето на натпреварот во Чаир и за тој напад Адем е суспендиран со пет натпревари.

Адем не играше против Воска Спорт, Академија Пандев и Струга, а нема да игра ниту на натпреварите кои следат кон крајот на октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот