фејсбук

Ален Исламовиќ станува политичар за да ги реши проблемите со мигрантите

Ален Исламовиќ станува политичар, а причина за тоа се проблемите со мигрантите, кои според него го уништиле неговиот роден град Бихаќ. Пејачот одлучил да му се придружи на првиот градоначалник на Бихаќ и да биде дел од неговата Нова иницијатива.

– Сакам да им помогнам на граѓаните на Бихаќ за повторно да им се вратат улиците во нашиот град, да им се врати слободата на движење и шетање, слободно да седат покрај реката Уна, како што беше некогаш – изјавил Ален.

Тој, меѓу другото, додал и дека нема ништо против тие луѓе, но како што потенцирал, тие мора да го почитуваат неговиот роден град и обичаите во него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот