Алексовска е најдобриот стрелец на ФИБА „Челенџерот“ во Тбилиси

Михаела Алексовска е воедно втор стрелец на сите „Челенџери“/Фото: kfsm.mk

Кадетската репрезентативка на Македонија, Михаела Алексовска го дополни одличниот настап на нашиот тим на ФИБА „Челенџерот“ што се одржа во Тбилиси, Грузија.

Македонската селекција убедливо го освои првото место, а Алексовска со своите настапи го привлече вниманието врз себе. Со 25.8 поени по натпревар, таа беше најдобар стрелец на турнирот во Грузија, а земајќи ги предвид сите Челинџери кои се одржаа во овој период, заврши како второпласирана на листата на стрелците.

Пред неа е само Катерина Ковал од Украина со просек од 26 поени по натпревар.

Алексовска, која е кошаркарка на Крива Паланка, заврши и на шестото место на листата на кошаркарки со најдобар индекс, со 20,3 по натпревар. Високо во оваа конкуренција, на 11 позиција, се најде уште една наша репрезентативка – Марија Николов.

Оваа наша кошаркарка, од друга страна е прв „крадец“, а четири од петте во ова категорија на најдобри се Македонки.

Марија Николов исто така беше и прв „крадец“ на турнирот/Фото: kfsm.mk

Сето ова се должи на одличната игра во одбрана бидејќи нашата селекција имаше вкупно 139 освоени топки или по безмалку 35 на натпревар. Со тоа беше убедливо на првото место во оваа статистичка категорија, сметајќи ги сите „Челенџери“ што се одржуваа во овој период, со 44 повеќе од второпласираната Шпанија.

Затоа не е чудо што нашите кошаркарки доминираат во индивидуалната статистика во оваа категорија. Убедливо на првото место е токму Николов со просек од 7,8 украдени топки на натпревар.

Михаела Алексовска е втора со 6,8, Ана Милованова е на делба на третата позиција со 5,5, а Божица Стоевска четврта со 5,3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот