ВИДЕО: Македонските кошаркарки го освоија трофејот на ФИБА „Челенџерот“ во Тбилиси

Кадетките со четири максимални победи во Тбилиси/Фото: kfsm.mk

Успешна мисија на македонската женска кадетска кошаркарска репрезентација (У16) на ФИБА „Челенџер“ турнирот кој се одржа во Тбилиси.

Четири максимални победи за избраничките на селекторот Никола Златев на „балонот“ во главниот град на Грузија за освојување на трофејот.

Денеска во последниот четврти натпревар во групата нашите кошаркарски надежи убедливо славеа и над домаќинот Грузија со резултат 104:36.

Најефикасна во победата беше М. Алексовска со 28 поени (седум скокови, девет украдени топки), додека М. Николов забележа 20 поени (седум украдени топки).

Претходно Македонија славеше уште против Малта (91:53), Албанија (72:46) и Ерменија (92:22).

На конечната табела Македонија го освои првото место со осум максимални бодови пред Албанија (седум), Ерменија (шест), Малта (пет) и Грузија (четири).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот