Александар Карадакоски / Фото: Приватна архива

Александар Карадакоски ќе биде погребан утре на Градските гробишта во Кочани

Погребот на Александар Карадакоски, кој е 60-та жртва во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, ќе биде утре на Градските гробишта во Кочани.

Семејството веќе ги извести роднините и пријателите дека неговото тело од 12 часот ќе биде изложено во капелата пред гробиштата, а погребната церемонија ќе се одржи во 14 часот.

Претходно од Министерството за здравство информираа дека Карадакоски се здобил со тешки изгореници на главата, вратот и рацете, а му биле констатирани и сериозни повреди на дишните патишта. Во критична здравствена состојба беше пренесен на лекување во Литванија, каде почина по тешка инфекција и нарушување на функцијата на бубрезите.

Заради спроведување обдукциски наод, неговото тело вчера беше пренесено на Институтот за судска медицина во Скопје.

Како управител во „Пулс“, тој беше опфатен со наредбата за спроведување истражна постапка, но во меѓувреме Основното јавно обвинителство – Кочани донесе наредба за запирање на истрагата за него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот