Алек Болдвин како Трамп – Пие избелувач и порачува: „Ќе го пуштиме овој вирус да дивее“ (ВИДЕО)

принтскрин/јутјуб

Омилена мета на актерот Алек Болдвин е американскиот претседател Доналд Трамп, кој често го имитира во шоуто „Saturday Night Live“.

Во скечот кој вчера беше емитуван Болдвин го глумеше Трамп како и се обраќа на нацијата преку Зум, додека пие избелувач со цел да се одбрани од коронавирусот.

„И честитам на генерацијата КОВИД-19“, говори Болдвин пред измислените матуранти од училиштето Света Марија Магдалена на автопатот.

Единствената причина поради која Трамп бил изборот на училиштето да го одржи говорот е затоа што Барак и Мишел Обама биле зафатени.

Скечот започнува со директорката, која ја глуми Кејт Мекинон, а која се пошегува дека Трамп бил осмиот избор на учениците. Потоа во кадарот се појавува Болдвин со капа „Make America Great Again“ .

Им се заблагодарува на сите кои ракоплескаат, а потоа во кадарот се гледа само еден студент кој ракоплеска.

„Каква неверојатна енергија и возбуда чувствувам. Мојот помошник се зарази, па морав да се нашминкам. Се послужив со ТикТок едиторијалот на Лајза Минели“.

Тој се пожали дека кон него се однесуваат прилично лошо, полошо отколку кон Абрахам Линколн.
Во еден момент тој пие и од шието избелувач, а потоа порачува дека тој е пример дека се може да се постигне, дури и кога станува збор за водечки експерт за заразни болести.,

принтскрин/јутјуб

„Опкружете со најлошите можни луѓе, така секој пат ќе блескате. Доколку нешто не разберете, кажете дека е глупаво. Никогаш немојте да носите крема за сончање. Живејте го секој ден како да ви е последен бидејќи ќе го пуштиме овој вирус да дивее, овој вирус кој настана во лабораторијата на Обама. Ве поздравувам со својот омилен мотивациски цитат – посегнете по ѕвездите, бидејќи ако сте ѕвезда, ќе ви дозволат тоа да го правите“, изјави тој.

Кога сфати дека „матурантите“ се исклучиле, тој коментираше: „Оваа екипа се намали побрзо од Адел“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот