ФОТО | Алек Болдвин: Холивудскиот „срцекршач“, денес посветен сопруг и татко на седум деца

Instagram
Instagram

Американскиот актер, писател, продуцент и комичар Алек Болдвин на 3 април го прослави својот 63-ти роденден, а во младоста бил еден од најатрактивните мажи во Холивуд и познат„срцекршач“.

Болдвин денес е целосно посветен на своето семејство уживајќи во бракот со неговата 26 години помлада сопруга Хилариа Болдвин, со која има шест деца.

Актерот неодамна се пошегува дека неговата сопруга е „колекционер на бебиња“.


„Им кажувам на луѓето дека мојата сопруга е колекционер. Некои собираат автомобили, некои собираат часовници или уметнички дела. Мојата собира бебиња. Едноставно обожава бебиња“, изјави тој во разговор со Елен Деџенерис.


Болдвин од претходниот брак со неговата поранешна сопруга, актерката Ким Бесингер ја има ќерката Ајрленд, која е негово прво дете од вкупно седум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот