„Албанската мафија, најстрашната во светот“! „ЗДФ“, документарец за бандите: Тие следат силен код на одмазда! (ФОТО)

Балканвеб

„Албанската мафија е една од најстрашните криминални организации во светот!“ – Вака пишува германскиот гигант „ЗДФ“, во својата репортажа за албанските криминални банди, како дел од серијата документарци посветени на криминалните организации ширум светот, пренесува Балканвеб.

Репортажата трае 43 минути а може да се гледа само во Германија. Меѓудругото во натписот се вели дека „оружјето, трговијата со луѓе и дрогата се најпрофитабилните области на бизнисот за албанските криминалци”.

Балканвеб
Балканвеб

Новинарот Давид Бериаин бил во Албанија за да ги види одблизу структурите на овие криминални организиации, кои, како што пишува ЗДФ, своите корени ги наоѓаат во традиционалните убедувања и племенските преданија за код на чест и крвна одмазда.

Во документарецот, Давид зборува со неколку маскирани лица, кои не откриваат многу детали за организациите на кои им припаѓаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот