Албанија има загуби во поморскиот и железничкиот сообраќај

Во Албанија пандемијата со Ковид-19, освен туристичкиот, силно го погоди и транспортниот сектор, кој и по олеснувањето на рестриктивните мерки не бележи некои подобри резултати.

Во август, споредено со истиот месец минатата година, е забележан пад на бројот на патници за 77 отсто во поморскиот и 51 отсто во железничкиот сообраќај.

Според податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, минатиот месец има пад на бројот на патници за повеќе од 216.000, во споредба со август лани.

Состојбата е уште подраматична во периодот јануари-август, бидејќи резултира со намалување од 58,8 отсто во овој сектор или претворено во патници 1,3 милиони патници помалку отколку во истиот период минатата година.

Поморскиот транспорт забележал најголем пад или дури 77 отсто и железницата со 70,5 отсто помалку патници споредено со осумте месеци од 2019 година.

Осврнувајќи се на податоците на ИНСТАТ, обемот на транспорт на стоки исто така е намален, но во помал процент отколку на патници.

Во август поморскиот транспорт на стоки бележи намалување за 16,4 отсто,односно 318.000 тони помалку споредено со истиот месец лани,додека обемот во железничкиот транспортот е преполовен.

За осум месеци од годинава, вредноста на тргуваната стока достигнала 545,5 милијарди леки,при што половина од неа била транспортирани по морски пат.

Во август единствен позитивен сигнал е зголемувањето на извозот за 3,9 отсто во споредба со август минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот