Албанците отсега треба да бидат застапени со 31,5 отсто во државната администрација, пресметал министерот Алити

Адмирим Алити на Алсат/Фото: Скриншот

Министерството за информатичко општество и администрација, согласно податоците од последниот попис, пресметало дека треба да се зголеми процентот на вработени Албанци во државната администрација – од 24,3, на 31,5 отсто.

Според информациите кои ги објави СДК.мк, до бројката од 31,54 отсто е дојдено додавајќи ги во пресметката бројките од нерезидентното население од последниот попис и плус уште два отсто од седумте отсто административно попишани.

Принтскрин од најновата верзија на балансерот на МИОА за распределба на нови вработувања во државните институции / Фото: СДК.мк

Алити е министер од јануари годинава, кога неговата партија Алтернатива влезе во владејачката коалиција.

Законот за вработените во јавниот сектор, кој започна со примена во 2015 година, предвидува механизам за распределба на новите вработувања со соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците, на ниво на секоја од институциите во јавниот сектор, а врз основа на потребите на самите институции изразени преку Годишни планови за вработување.

Распределбата на нови вработувања се прави електронски преку веб алатка на МИОА, наречена балансер. Најновата верзија на балансерот почна да функционира денеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот