Ал каеда и ИСИС повикаа да се напаѓаат израелски, американски и еврејски мети

Ал каеда и ИСИС ги повикаа своите следбеници да напаѓаат израелски, американски и еврејски мети предизвикувајќи загриженост во целиот свет.

Во последните две недели подружници на Ал каеда му честитаа на Хамас на „инвазијата на Израел“, мислејќи на терористичкиот напад во кој на 7 октомври беа убиени 1.400 луѓе, но и повикаа на нови напади.

Израелската воена офанзива во Газа, со убиени 4.500 луѓе, главно цивили, како и хуманитарната криза која ја предизвика, го разгневи исламскиот свет. Тоа им пружи шанса на екстремистичките групи.

Во неодамнешно соопштение на Ал шабаб, моќна подружница на Ал каеда во Сомалија, се наведува дека конфликтот на Блискиот Исток не е само „битка на исламските фракции во земјата Палестина туку битка на целиот муслимански умет“.

„Муслиманите мора да е соберат и да понудат сè што можат за да ги поддржат муџахедините против Евреите и нивните лицемерни сојузници неверници. Силата на оваа нација лежи во силата на нејзините џихадистички фронтови“, се наведува во соопштението.

Други подружници на Ал каеда во Јемен и Сирија објавија слични соопштенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот