Енди Дик / Фото: Maury Phillips / Getty images / Profimedia

Актерот кој неодамна беше пронајден на улица предозиран, за првпат проговори: „Не можам да верувам дека сум жив“

Американскиот актер и комичар Енди Дик изјави дека „умрел“ поради фатално предозирање со дрога, по што поминал речиси два месеци на рехабилитација. Во ексклузивен телефонски разговор за „Пејџ Сикс“, ден по излегувањето од центарот за лекување во Палм Спрингс, Калифорнија, зборуваше за искуството кое, како што вели, се разликува од сите претходни обиди за рехабилитација.

„Бев на рехабилитација многу, многу пати. Овојпат чувството е сосема поразлично, мислам, најмногу затоа што навистина умрев и не можам да верувам дека се вратив во живот“, рече Дик.

Тој потенцираше дека заслугата за спасувањето на неговиот живот на 9 декември 2025 година им припаѓа на неговите пријатели и документаристите Адам Карбоне и Александер Били Џон Оу Бејли.

„Мојата фамилија и пријателите лошо изгледаат кога ќе направам некоја работа. И тие се лутат, но јас сум си најголемиот непријател“, призна Дик.

Според него, Карбоне и Бејли не му давале дрога.

„Не беа таму за да ми дадат дрога, како што луѓето мислат. Не, јас им побегнав. Им побегнав, но ме следеа. Сепак, беше предоцна. Налетав на група луѓе и едноставно се дрогирав колку што можев побрзо и веднаш умрев“, откри Дик.

Карбоне и Бејли го снимале Дик на улиците на Холивуд кога им побегнал, видел човек кој користи крек и го зел. Видео на актерот кој не реагира, каде што лежи на скалите пред една зграда со очилата на земја, брзо стана вирален.

На истото се гледа како Бејли во паника го подига Дик и му дава Нркан, назален спреј кој се користи кај лица кои се предозирани. Дик рече дека му биле потребни четири дози за да се освести.

„Ова не е смешно и не се сеќавам на тоа, но велат дека се вратив во живот, седнав и првото што ми излезе од устата беше: ’Каде е вотката?‘ Не се сеќавам. Сè уште бев надвор од себе“, рече тој.

Карбоне изјави дека тој и болничарите кои реагирале, го охрабрувале Дик да оди во болница, но актерот сакал да оди во бар.

Иако во почетокот се противел на рехабилитацијата, Дик го сменил мислењето неколку дена подоцна, откако поранешната колешка од серијата „Sober House“ Џенифер Гимез и нејзиниот сопруг Тим Рајан обезбедиле пари за центарот во Палм Спрингс.

„Благодарам на Бога што отидов таму. Ми се допадна. Запознав некои одлични луѓе“, рече Дик, кој сега живее во дом за излекувани зависници во близина на Беверли Хилс.

https://www.slobodenpecat.mk/otkako-beshe-pronajden-bez-svest-poradi-predoziranje-so-droga-poznatiot-komichar-endi-dik-zavrshi-na-rehabilitacija/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот