Фото: EPA

Актерот Гај Пирс откри шокантни детали за Кевин Спејси: „Тој е прилично агресивен маж“

Актерот Гај Пирс, кој беше номиниран за Оскар за улогата во филмот „Бруталист“ на Брејди Корбет, зборуваше за своето искуство во соработката со Кевин Спејси на филмот „LA Confidential“ од 1997 година.

Пирс претходно беше нејасен за времето поминато со Спејси, кој беше под постојани обвинувања за сексуално недолично однесување – што Спејси секогаш го негираше. Во 2018 година, Пирс го опиша како „човек кој сака да допира“.

Сепак, говорејќи во подкастот на „Hollywood Reporter’s Awards Chatter“, актерот рече дека сега се обидува да биде поискрен за наводното однесување на неговиот колега, пишува „Гардијан“.

„Само се обидувам да бидам искрен во врска со тоа и да употребам правни термини“, рече Пирс, додавајќи дека „само се расплакал“ кога добил појасна слика за тоа што се случило.

Сепак, Пирс сакаше да ја минимизира својата непријатност во споредба со другите кои, според наводите, поминале низ многу потешки искуства.

„Додека веројатно бев жртва до одреден степен, сигурно не бев жртва речиси во иста мера како некои други луѓе кои беа нападнати од сексуални предатори“, рече тој.

Тој продолжи: „Но, го направив она што го прават многу луѓе – одмавнав со раката и реков: ‘Па , тоа не е ништо’. Работев така пет месеци. И всушност, малку се плашев од Кевин, бидејќи тој е прилично агресивен маж. Тој е неверојатно шармантен и брилијантен во она што го прави, навистина импресивен итн. одлично доминира во просторијата каде се наоѓа. Но, јас бев тогаш млад и подложен на влијанија и тој намерно ме таргетираше, без сомнение“.

Пирс рече дека единствените моменти кога се чувствувал „безбедно“ за време на снимањето во Холивуд биле кога вниманието на Спејси било насочено кон друг актер, Сајмон Бејкер.

Кога „работите излегоа на виделина во 2017 година“, Пирс ги разгледа своите искуства со Спејси и разговараше со него за тоа. Тој рече дека после тоа „имал неколку конфликти со Кевин“, кои „станале грди“.

Промената на мислењето на Пирс беше поттикната од обвинувањата на актерот Ентони Рап, кој тврдеше дека Спејси се обидел сексуално да му пријде на забава во Њујорк во 1986 година, кога имал само 14 години. После тоа следеа и бројни други обвинувања.

„Ги слушнав овие приказни за Кевин, официјално како вест. Бев во Лондон, работев на нешто, и кога ги слушнав тие извештаи, само се расплакав и не можев да престанам. Мислам дека тогаш ми стана јасно влијанието на сето тоа, како го потиснав и го отфрлив, или како штотуку го блокирав. Беше неверојатен момент на свесност“, изјавил Пирс.

Спејси е правно ослободен од обвиненијата за недолично однесување и сексуален напад во одделни судења во САД и Велика Британија, како и во тужбата поднесена против него од Рапа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот