Ебигејл Бреслин / Фото: Profimedia

Актерката откри кој ја злоставувал: Ме тепаше секој ден и ме заклучуваше во соба

Големата ѕвезда од култниот филм „Малата мис Саншајн“ (Little Miss Sunshine), актерката Ебигејл Бреслин, се прослави како преслатко девојче, а денес има 26 години. Во текот на годините нејзиниот живот бил сè само не бајковит.

Иако делувало дека ќе стане голема холивудска ѕвезда, сепак, таа не успеала да стигне на холивудската А-листа на актерки.


Сè уште се занимава со глума, а во последно време глумела во научно-фантастични филмови со хорор елементи, но всушност и нејзиниот приватен живот бил вистинска хорор-приказна.

Имено, Ебигејл по години молчење одлучила да го сподели травматичното искуство кое ја обележало до крајот на животот.

Актерката на својот инстаграм-профил објавила лична исповед и открила дека две години била во токсична врска во која поранешниот партнер физички, вербално и емоционално ја злоставувал.


Таа објавила и низа фотографии на кои напишала дека преживеала тешко злоставување и дека на крајот ја пронашла среќата.

„Бев во многу груба, злоставувачка врска речиси две години. На почеток сè беше толку прекрасно, бев многу вљубена. За жал, мојот злоставувач ја искористи мојата наивност и невиност, па набрзо потоа стана насилен. Ме тепаше секој ден, ме заклучуваше во соба и ме тераше да се преправам дека е сè во ред. Со денови ги криев повредите по моето тело“, напишала Ебигејл.

„Користев коректор и дебел слој на пудра, за да ги скријам модриците по телото и лицето. Се плашев од него, но најлошите повреди беа психичките. Ме навредуваше и ми ја уништи самодовербата. Се чувствував како да не сум вредна за љубов, дека сум грда и несакана. Мислев дека заслужувам да ме тепа и угнетува“, рекла таа.

На крајот од цела таа ситуација ја извлекле пријателите и семејството.

Од маѓепсаниот круг на токсични врски ја извлекле со внимание и активна помош, па така успеала да се ослободи од челичниот стисок на нејзиниот злоставувач. Денес Абигејл е во среќна врска и е свршена со партнерот Ајри Кунјански.


„Сега сум среќна, здрава личност, но и понатаму имам моменти. Имам ПТСП и понекогаш сонувам непријатни соништа и се будам во паника, сè уште закрепнувам од своите трауми“, заклучила актерката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот